Вчера во 12.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, патничко возило пежо со црногорски национални ознаки, управувано од Р.Р.(49) од с.Кучевиште, Скопско, удрил во велосипед, управуван од Љ.Г.(70) од Скопје.

Во несреќата, велосипедистот Љ.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба возилото било одземено. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот 70-годишен маж тешко повреден откако управувајќи велосипед го удрил автомобил е превземен од МАКФАКС.