Ученици од основните училишта со повисока температура од 37,4 нема да можат да следат настава со физичко присуство предвидува протоколот за наставата со физичко присуство.
Протоколот забранува било каков физички контакт и поздравување помеѓу учениците и вработените во училиштето и налага редовно миење и дезинфекција на раце.
Уште не се знае дали ќе има скратување на училишниот час и недизвесно е дали учениците ќе успеат строго да се држат до одредените протоколи.
Невалдини организации предупредува дека е премногу ризично децата да се вратат на настава со овие бројки на новоинфицирани и починати лица од вирусот.
Тие бараа учебната година да започне со онлајн настава, се додека не се стабилизира состојбата. И голем број на епидемиолози од земјава ги поддржаа родителите кои сметаат дека физичкото присуство во училиштата треба да биде одложено, и покрај тоа што од министерството за образование уверуваат дека се создадени услови за враќање на учениците во клупите.