Вчера во 10.30 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека е починат 63-годишниот Ж.Ј. од село Муртино.
Тој извршувал земјоделски работи со својот трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино. Додека ги вршел работите со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила при што од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар Медицински центар Струмица додека Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
Текстот 63-годишен маж починал додека работел на нива е превземен од МАКФАКС.