62 пат по ред се одржува фестивалот „Охридско лето“ кој трае 40 дена. Охрид во текот на летото е град домаќин на бројни културни настани. Оваа манифестација последниве децении стана една од најважните во регионот.

Ова ќе биде еден убав и незаборавен фестивал, вели една од организаторките.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, Центарот за култура и во црквата „Света Софија“, ќе бидат пречекани над 1.000 уметници од 25 земји.