Елиф Елмас и другарите има што да научат од нивниот нов тренер Лучијано Спалети, и тоа не само на фудбалски план.
Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, по самото доаѓање наметна нови принципи за работи, но истовремено и ја подобри атмосферата во екипата, пред сѐ со својот однос кон фудбалерите и фактот што е подготовен да направи буквално сѐ за да им го пренесе своето знаење.
На еден од вчерашните тренинзи почна да прави склекови и докажуваше дека иако има 62 години, уште е во топ физичка форма.