Над 60 пациенти со мултиплекс склероза чекаат на современа терапија. Претставниците на здружението за мултиплекс склероза велат дека пациентите кои чекаат се претежно млади луѓе кои доколку навреме започнат со терапија можат самостојно да функционираат. Ана Карајанова од ова здружение вели дека Клиниката за неврологија нема доволен буџет за лекување на пациентите заболени од оваа болест, пренесува Алсат.

За разлика од пациентите, министерот за здравство се пофали дека Македонија е пример во регионот по покриеност со современа терапија.

„Како професионален невролог со голема одговорност ви кажувам дека сме најдобри во регионот во однос на обезбедувањето терапија за мултиплекс склероза. Ангажираме што е можно повеќе пациенти да се приклучат на терапијата. Бројот на оние кои чекаат не е голем. Правилно ја утврдуваме дијагнозата и времето кога треба да се прифати терапијата. Нормално имаме и модулаторни терапии кои се даваат врз основа на професионални упатства, но ве уверувам дека сме најдобри од околните земји“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

Над 1.500 луѓе во Македонија боледуваат од оваа болест. Најчести симптомите се слабост во рацете или стапалата, чувство на вкочанетост, тремор, нејасна артикулација и оштетен вид.

Секоја година во Македонија се дијагностицираат по 90-120 лица. Жените се повеќе погодени. Во светот, повеќе од 3 милиони луѓе страдаат од оваа болест.