Околу 60 лица, вклучувајќи малолетници, беа уапсени во Сан Франциско во неделата откако протестите пред зградата на Службата за имиграција и царина (ICE) станаа насилни, соопштија властите.
Стотици демонстранти се собраа пред канцеларијата на ICE за да го изразат своето противење на рациите и депортациите на агенцијата низ Калифорнија и САД. Првично мирниот собир се претвори во напната пресметка со полицајците од Сан Франциско во опрема за разбивање немири.
„Погледнавме што се случуваше во Лос Анџелес и помисливме, не, нема да го имаме тоа тука“, изјави демонстрантката Ненси Като за KGO. „Напад врз имигранти и недокументирани лица, најранливите меѓу нас, тоа е едноставно погрешно“, додаде таа.
Собирот ескалираше кога полицијата соопшти дека некои демонстранти вандализирале имот, физички нападнале луѓе и предизвикале штета. Властите го прогласија собирот за „незаконско собирање“, по што многумина се разотидоа, иако некои останаа.
Двајца полицајци беа повредени, а еден беше однесен во болница со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата.
Текстот 60 демонстранти се уапсени во Сан Франциско откако протестите станаа насилни, соопштија властите во САД е превземен од МАКФАКС.