Арлинда има 6 години. Прво одделение е, но ја прекина наставата поради тоа што е болна. Страда од епилепсија, а имала напади и на училиште. Нејзината мајка Себехате вели дека веќе не може да ја праќа на училиште од страв да не ѝ се случи нешто. Само за терапијата која Арлинда мора да ја прима, семејството Рахмани троши 6 илјади денари на месечно ниво, сума којашто не можат да ја покријат со приходите што ги земаат.
Семејството живеело во Тетово, но откако на нивната ќерка ѝ била откриена болеста, се преселиле во Скопје под кирија, со цел да бидат што поблиску до болницата. Условите од ден на ден стануваат сѐ потешки, раскажува мајката на Арлинда.
Таткото на Арлинда работи како таксист, но со платата што ја зема не може да ги покрие сите трошоци. Арлинда освен епилепсија, има проблеми и со крајниците кои треба да ги оперира. Ова семејство бара помош од хуманите луѓе за да можат да ги купат лековите за нивната 6-годишна ќерка и да можат да ја носат на потребните контроли кои треба редовно да ги прави.
Број на семејството:
070 739 448
Извор: ТВ 21
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.