На 06.04.2021 во 15.00 часот во Одделението за внатрешни работи Дебар, 56- годишен маж од Дебар пријавил дека бил измамен од М.Д, К.С., двајцата од Дебар и С.Н. од с.Велешта, струшко, за сума од околу 80.000 евра.
Според пријавеното, во декември 2018 тој му позајмил пари на М.Д. кои до сега не му ги вратил.
Исто така, според пријавеното, С.Н. со посредство на К.С. се обврзал дека ќе го преземе долгот што М.Д. го имал кон него, а за таа цел требало да му исплати 32.000 евра за да ја ослободи хипотеката и сопственоста да ја пренесе на него.
Како што е пријавено, С.Н. како награда од пријавителот добил 13.300 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.