Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја обвини владата за водење на разговорите со Бугарија зад грбот на опозицијата.
„Откако бугарското Собрание на крај на 2019 ја усвои нивната Декларација, ние повторно побаравме и бевме одбиени. Во март месец тезите од бугарската Декларација беа ставени во одлуката за Македонија во делот на почеток за преговори. Власта тоа го криеше, јас го извадив 11 дена откако тој документ беше изваден. Ние побаравме уште еднаш Декларација и пак бевме одбиени, и воопшто немаме комуникација, изјави Николоски за „Трилинг“ на 24 ТВ.
Тој тврди дека Бугарија проблемите ги решава во Собрание, додека македонската влада за ништо не ја информира опозицијата.
„Заев ништо и никогаш не побарал да ги образложи преговорите. Тоа што ние имаме контакти во Брисел, Стразбур, и Луксембург, е прашање од приватен карактер, но ние имаме институции каде е место да се дискутира“, додаде Николоски.