Вчера во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од с.Ѕвегор, управувајќи  мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.

Текстот 54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед е превземен од МАКФАКС.