Холивудските актери Али МекГроу и Рајан О’Нил, кои ја глумеа трагичната млада двојка во култната романтична драма „Љубовна приказна“ од 1970 година, непосредно пред „Денот на вљубените“ во петокот, беа почестени со sвезди на Холивудската патека на славните.

скриншот/Youtube

– Кој би помислил дека ќе завршам со sвезда на Патеката на славните? Па, тоа е мошне добро – рекол 79-годишниот О’Нил на церемонијата којашто поради ковид-19 се одржала онлајн.

Актерката МекГроу (81), истакнала дека тоа е „зачудувачка“ чест.

– Апсолутно не можам да верувам дека сум на оваа патека – рекла таа.

Филмот „Љубовна приказна“ стана културен феномен, беше номиниран за седум Оскари и освои еден – за најдобра оригинална музика.

Profimedia

Големиот хит на своето време, трогателната филмска љубовна приказна ги направи своите херои sвезди преку ноќ.

Приказната е за љубовта помеѓу Џени, духовита, шармантна и паметна студентка по музика, и Оливер, студент по право и наследник на богато угледно семејство и искушенијата низ кои таа љубов мораше да помине сè до нејзиниот трагичен крај кога Џени умира од леукемија.