Легендата на Битлси, Пол Мекартни вели дека ќе биде меѓу првите глобални суперѕвезди што ќе ја прими вакцината.

78-годишниот Мекартни е во третата група луѓе со право на вакцина заедно со други луѓе над 75 години. Мекартни верува дека вакцината ѝ нуди на Велика Британија излез од оваа несреќа и мрак што го предизвика пандемијата на коронавирусот, пренесува „Sun“.

Вакцината ќе нè извлече од ова… Мора да поминеме низ ова, знам дека ќе помине и вакцината е одлична вест“, вели Мекартни.

Instagram
Instagram

Пол изјави дека е желен да се врати на сцената што е можно поскоро откако Фестивалот „Glastonbury“ беше откажан поради пандемијата.

Момчето од Ливерпул, кое ги напиша и изведе некои од најсаканите песни што ѝ ги подари на публиката, се пеат до ден денес. Тој заедно со својот бенд водеше културна револуција во шеесетите години ширум светот, не престанува да твори.

Пол Мекартни во интерју со Зејн Лоу, зборуваше за создавањето на неговиот најнов албум „McCartney III“, споделувајќи спомени од времето на Битлси. Мекартни работел на својот нов албум за време на карантинот и уживал во студиото.

Instagram
Instagram

Беше навистина добро што можев да свирам, да работам, да ги ставам моите мисли, стравови, надежи и љубов во музиката“, вели Мекарни за работата во вакво хаотично време.

Тој исто така зборуваше за одлуката на Џон Ленон да ги напушти Битлси, истакнувајќи дека имало многу расправии меѓу членовите на групата, но напуштањето на Ленон, навистина било ненадејно.

Но Пол вели дека успеал да го поправи својот однос со Ленон пред неговата смрт за што смета дека тоа било голем благослов.

Instagram
Instagram

Новиот албум го работел во своето студио во близина на неговата фарма во Англија. За „McCarney III“ Пол не бил само текстописец, туку и продуцент и свирел на секој инструмент кој се појавува во албумот.

Не е исто како да работиш со бенд, затоа што знам што сакам да чујам и не морам никому да кажувам… Само реков „Ајде малку тапани“ и седнувам на тапаните и мислам „добро, сакав доо доо доо… доо доо дах…“ значи сето тоа е во мојата глава“, вели тој.

Музичките критичари албумот веќе го нарекоа „еспериментален“ и „разигран“.