50 отсто од полнолетните жители во Македонија примиле една доза вакцина против ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, втора доза примиле 810.990, а трета примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.
Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 отсто, велат од МЗ.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, додаваат од МЗ.
Од почетокот на пандемијата, вкупно се дијагностицирани 219.843 позитивни пациенти на ковид-19, бројот на оздравени пациенти е 206.661, на починати е 7.754, а активни се 5.428 болни.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.