50 полицајци и цариници уапсени на Косово се испратени на суд на дополнителни мерки. Специјалното обвинителство на Република Косово побара притвор за сите уапсени во акцијата со кодно име „Точка“.
Меѓу уапсените полицајци се и двајцата командири на граничните премини „Кафе Пруш“ и „Ќафе Морин“, Рамиз Ахмети и Џавит Локај. Уапсените се сомничат дека биле инволвирани во над 400 криминални дела „земање поткуп и злоупотреба на службената положба“.
Истрагата против нив започна пред една година. Главниот државен обвинител, Александер Лумези, акцијата ја нарече голем успех на институциите за спроведување на законот, додавајќи дека борбата против криминалот и корупцијата е на агендата на Косово. /Алсат.мк