Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 308 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица, најмладото од Куманово на 30 годишна возраст. Нема информации засега дали имало други коморбилитети. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година.  Од почетокот на епидемијата бројот на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.