Откако автобусот удрил во заштитната ограда бензинот се запалил и пеплосал се за само неколку секунди, пишува бугарскиот портал „24 часа“ во анализата за сообраќајната несреќа. Насловната страница е „45 животи за 40 денари „далавера“, алудирајќи дека во автобусот се носеле канистери со нафта купена во Турција.

-Превозникот најверојатно точел дополнително гориво за да ги намали трошоците за патување, поради разликата од околу 40 денар за еден литар гориво во  Турција, додека во Бугарија и Македонија чини околу 75 денари за литар, ова го тврдат главните истражители за порталот „24 часа“.

Само 15 минути пред несреќата возачот застанал да се одмори на бензинска пумпа, а според информациите на порталот автобусот во Бугарија влегол во понеделникот во 21.12 часот од граничниот премин „Капитан Андреево“.