Можно е да се промени ставот на Бугарија кон Северна Македонија околу почетокот на преговори за членство во Европската унија само ако има напредок во дијалогот, оценува Димитар Ганев, извршен директор на Институтот за политички и социолошки истражувања, ТРЕНД од Софија, во интервју за порталот Zoom.mk.
“Не би требало да очекуваме некаква кој знае каква разлика во позицијата на Бугарија ако нема напредок во дијалогот меѓу двете земји. Ако се случи напредок во тој дијалог и односите се затоплат е можна промена. Но ако нема такво затоплување, позицијата и на Трифонов и на Борисов и на БСП ќе остане иста”, предвидува Ганев.
Тој смета дека новата конфигурација во бугарскиот парламент не дава надеж дека состојбата може да се промени.
„Каква и конфигурација да се создаде во центарот на таа конфигурација ќе биде партијата на Трифонов „Има таков народ“ и таа кофигурација ќе ја користи собраниската поддршка на БСП, ако има таква влада воопшто. А тоа значи дека и Трифонов и БСП се на сегашната позиција на Бугарија т.е нема разлика во позицијата на Трифонов, БСП и ГЕРБ“, тврди тој.
Според него, дури Трифунов има поостар став кон спорот со Северна Македонија.
„Грубо кажано во реториката на Трифонов има силно застапен патриотски елемент. Националистички, патриотски елемент којшто тој секогаш го негувал како свој имиџ уште од времето во кое го водеше шоуто“, потсетува Ганев.