Во Градската болница „ 8 Септември“ вчера почина 42-годишна докторка од Кумановската болница од Ковид 19, која дошла со многу тешка клиничка слика, потврдија од болницата за „Фокус“.
Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација. Анестезиолозите немале видено пообезен пациент болен од ковид некогаш хоспитализиран кај нас. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“ потврдија во изјава од „8 Септември“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.