Декември е месец во кој сите подготвуваме подароци за Нова година и Божиќ за своите најблиски.
А кој не им се радува на подароците? Сите сакаме да добиеме нешто убаво, особено кога е од блиски лица кои многу ни значат.
Меѓутоа, постои верување дека дарувањето на одредени работи и носи несреќа на личноста за која тој подарок е наменет.
Чевли
Според верувањата, доколку партнерот или партнерката на својата друга половина и купат чевли, врската ќе пукне.
Но, да бидеме искрени: која жена нема да се израдува на чевли? Особено доколку станува збор за некои високи потпетици за кои одамна мечтаела да си ги купи.
Часовник
Часовниците се безвременски, практични и корисни, и спаѓаат во омилените празнични подароци како за жените, така и за мажите.
Меѓутоа, се верува дека купувањето на подарок во вид на часовник привлекува несреќа.
Паричник
Еднаш празен, секогаш празен? Паричникот никогаш не смее да се подарува празен бидејќи во спротивно парите никогаш нема да „дојдат“ во него.
Со цел да ја оттргнете „клетвата“, едноставно вметнете некој денар внатре пред да го подарите паричникот на некое блиско лице.
Бисери
Бисерите спаѓаат во класика и убаво им стојат на жените. Поради тоа нараквиците, ѓерданите и обетките со бисери се меѓу омилените подароци за дамите.
Меѓутоа, според верувањата тоа значи следново: за секој бисер една солза.
Но, доколку тоа е желба на личноста која ви подарува бисери – нема да плачете поради тага, туку ќе пуштите некоја солза радосница.