Њоките се тестенини кои можат да се направат од пченкарно брашно, сирење, презла, компири и слични состојки. Може да се послужат и како ладно и како топло јадење. Обично се јадат како замена за тестенини, но можеби тоа не мора да биде случајот и може да се послужат и како главно јадење.

Да потсетиме дека њоките потекнуваат од римскиот период, односно се традиционален вид италијански тестенини. Римските легии ги рашириле од империјата на целиот европски континент.

Состојки:

400 гр њоки
150 гр сирење
250-300 гр крем сирење
сол

Подготовка:

Најпрво сварете ги њоките до мекоста што најмногу ви одговара. Потоа треба да ги ставите во едно исто толку врело тенџере.

Потоа додадете крем сирење, малку сол по желба, како и сирење.

Потоа сè убаво измешајте додека не се соедини и подгответе го за јадење.