Министерот за надворешни работи Бујар Османи посочи дека сите граѓани од Република Северна Македонија се безбедно евакуирани од Авганистан.
„39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британијa и се враќаат вечер за Скопје, додека во Осло, Норвешка се наоѓаат 7 наши граѓани од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјите, ќе бидат упатени за дома;
27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар, чиј трансфер кон Европа сѐ уште не е одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно упатување скорешно упатување кон Скопје“, пишува Османи.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност до сојузниците и нивните претставници во Кабул, кои вложија огромни напори за безбедна евакуација на затекнатите граѓани во Авганистан.