Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација во Македонија е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464 а трета доза примиле 27.298 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.