Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, објави Министерството за здравство.

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се аплицирани како прва доза, 1.163 се ревакцинирани, а 2.061 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 ноември вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.