Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на ковид-19. Регистрирани се 266 оздравени пациенти.

Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.

Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

За 35 годишниот кавадарчанец нема информации дали имал претходни коморбилитети односно хронични болести.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831.