Вчера во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово.

За случајот биле известени и вклучени Јавен обвинител и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Р.Х. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција.

По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Текстот 34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово па избегал, определен е притвор е превземен од МАКФАКС.