Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.

„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.

Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.

Текстот Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија е превземен од МАКФАКС.