Остатоците од традиционалната велигденска трпеза, воглавно може да се чуваат во фрижидер најмногу три до четири дена.
На пример, варените јајца треба да се искористат во рок од една недела, но само ако цело време биле чувани во фрижидер и не се оштетени.
Печеното месо може да се консумира до четвртиот ден, под услов веднаш по оброкот правилно да се олади и да се чува во затворен сад.
Доколку храната не се искористи во овој рок, се препорачува да се замрзне, со што се продолжува нејзиниот рок на траење и се спречува фрлање.
Еве колку долго можат да останат свежи различни видови храна:
Сланина: Може да се чува во фрижидер до една недела од купувањето или отворањето. Варената сланина трае од пет до 14 дена ако е правилно чувана.
Домашен леб: Трае три до пет дена, а во замрзнувач до три месеци.
Колачи: Може да траат до 10 дена ако се правилно чувани.
Јадења со јајца: Треба да се изедат во рок од три до четири дена ако се чувани во фрижидер, или до три месеци ако се замрзнати веднаш по подготовката.
Тврдо варени јајца: Може да траат до една недела во фрижидер.
Шунка: Свежо варена може да се јаде до една недела, а замрзната трае еден до два месеци. Купената и отворена шунка трае до пет дена во фрижидер.
Пити со свежо овошје: Може да се чуваат до една недела во фрижидер, а до осум месеци ако се замрзнати.
Овие препораки помагаат храната да се искористи безбедно и да се намали нејзиното фрлање.
Текстот Остатоци од Велигден: Колку долго смеете да ја чувате храната е превземен од МАКФАКС.























