Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден.
„По повод големиот христијански празник, Велигден, до сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој.
Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок.
Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро утре. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани.
Честит Велигден!“, се наведува во честитката на претседателот на Собранието, Гаши.
Текстот Африм Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани е превземен од МАКФАКС.























