Актерката Ким Бесинџер и актерот Алек Болдвин имаа турбулентна љубовна приказна и уште потурбулентен развод што се случи пред 24 години, но тоа не ја спречи познатата холивудска ѕвезда јавно да проговори и да му посака среќен роденден на својот втор поранешен сопруг, што беше огромно изненадување и за него.

Алек беше целосно затекнат од оваа постапка кога таа објави сцена од филмот „The Marrying Man“, во кој двајцата глумат, а тогаш и се заљубија еден во друг, во 1990 година.

Поминаа 35 години од објавувањето на филмот, а Ким го искористи овој момент и за да му посака среќен роденден на Алек Болдвин, кој полни 68 години.

„Исто така, морам да напоменам дека денес е роденденот на Алек Болдвин. Среќен роденден на Алек, мојот филмски партнер. Му посакувам здравје, многу смеа и уште многу прекрасни години со семејството и пријателите“, напиша таа во објава на Инстаграм.

Набрзо следеше одговорот на Болдвин, во кој не криеше колку е изненаден.

„Ова е исклучително љубезно и сосема неочекувано. Ти благодарам, Вики Вејл, за желбите за роденденот“, одговори актерот.

Ким Бесинџер и Алек Болдвин се венчаа во 1993 година, а девет години подоцна, во 2002 година, следеше бурен развод. Тие ја добија ќерката, Ирланд Болдвин, во 1990 година, а нивната битка за старателство траеше седум години.

Текстот Поминаа 24 години од нивниот бурен развод, а сега таа го шокираше и него и светот со еден потег е превземен од МАКФАКС.