Познатите актерки Мерил Стрип и Ен Хатавеј пристигнаа во Сеул за да го промовираат продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, кое обожавателите ширум светот со нетрпение го очекуваат. Додека двете се натпреваруваат на некој начин за да видат кој изгледа подобро, целиот свет има можност да ужива во нивните изданија.
На нејзиното последно појавување во Сеул, Мерил избра целосно црна облека во комбинација со црни чевли и, секако, не можеше да ги заборави своите очила за сонце. Ен блескаше покрај неа во црвен комплет составен од подолго здолниште и преголема јакна.
Пред тоа, уште неколку нивни појавувања беа забележливи. На претпоследното, тие „ги заменија улогите“, па Мерил беше во црвена комбинација, панталони и струкирана јакна, додека Ен се одлучи за црни панталони и бела кошула со балонски ракави.
Но тоа не беше сè. Двете диви се појавија и на Неделата на модата во Мексико и импресионираа и со својата харизма и со модните изданија.
И на сосема поинаков начин од оној на кој сме навикнати.
Познатата Мерил Стрип блескаше овде во темно сина сатенска облека која има копчиња по целата должина, а потоа и ефектен ремен за да го нагласи струкот.
Ен беше можеби најекстравагантна овде. За Мексико, таа избра блескава бордо облека, која ја комбинираше со кожни чизми над колена.
Текстот (Фото/Видео) Мерил Стрип и Ен Хатавеј воодушевуваат на секој чекор: Кое модно издание е најдобро? е превземен од МАКФАКС.























