„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Агенцијата ја цитираше изјавата, што ја даде албанскиот министер Хоџа во овој контекст: „Во секое време и во секој случај Албанија одржува добри односи со Албанците, каде и да се наоѓаат. Студентите, кои протестираа во Скопје, го бараат своето право. Тие покренуваат праведно прашање. Ние ги следевме со внимание. Употребата на албанскиот јазик во С.Македонија е уставно право и тоа не треба да доведува во прашање. Од суштинско значење е ова да се реши институционално. За нас е многу важно ова прашање да не се политизира, туку да се третира одговорно. Нас нѐ интересираат решенијата. Албанија останува посветен актер на односите и стабилноста во регионот.“























