Актерката Изабел Хоџинс сподели детали на социјалните мрежи за своето непријатно искуство кога отишла во теретана седум недели по породувањето за да вежба и да ослабе уште повеќе. Коментарот што го слушнала бил доста изненадувачки.

Обожавател кој ја сретнал таму ѝ честитал за бременоста, не знаејќи дека Изабел веќе се породила.

„Некој ми пријде денес во теретана и ме праша кога е мојот термин. Беше малку непријатно за двете кога реков дека се породив пред седум недели“, рекла Изабел.

Луѓето ја поддржуваат во коментарите, а многу жени рекле дека и на нив им се случило ова, па затоа е сосема нормално тие моменти да бидат малку незгодни.

Изабел Хоџинс е инаку многу посветена на спортот и здравиот начин на живот, и обожава да вежба. Откако ја роди својата ќерка Џорџи Грејс во февруари оваа година, таа е многу посветена на мајчинството.

Текстот „Ми честитаа за бременоста, а јас веќе бев породена, беше непријатно“ е превземен од МАКФАКС.