Украина е во преговори со Оман, Кувајт и Бахреин за безбедносна соработка, вклучително и размена на технологија и експертиза во борбата против беспилотни летала, потврди претседателот Володимир Зеленски.

Најавите следат по посетата на Блискиот Исток минатиот месец, за време на која Зеленски го понуди искуството на Украина во борбата против иранските беспилотни летала, а веќе се потпишани договори со Саудиска Арабија и Катар, а објавен е и договор со Обединетите Арапски Емирати, објави Ројтерс.

Украински експерти веќе се на терен
Според Зеленски, Украина веќе испратила повеќе од 200 експерти на Блискиот Исток кои успешно собориле ирански беспилотни летала Шахед со долг дострел.

„Користевме свои пресретнувачи за да собориме ирански Шахед. Покажавме дека ваквите резултати бараат систематски решенија, со посебен акцент на компонентата за електронско војување“, рече Зеленски во соопштение објавено од неговата канцеларија во петокот.

„Постигнавме договори за десетгодишни соработки со три земји. Моментално се во тек безбедносни преговори со Оман, а разговараме и со Кувајт и Бахреин.“

Договори за нафта и дизел
Зеленски додаде дека како дел од пошироките договори за соработка, се воделе разговори и за испораките на нафта и дизел во Украина.

Текстот Зеленски создава сојузи на Блискиот Исток: преговара за безбедносна соработка со уште 3 земји е превземен од МАКФАКС.