Некои луѓе живеат со „креативен неред“, но други не можат да поднесат ни најмала нечистотија. Во астрологијата постојат знаци на кои уредноста им е речиси животна филозофија и најдобро се чувствуваат во чист и организиран простор.

Девица е позната по перфекционизмот и вниманието на детали. За неа чистиот дом значи и мирни мисли, па често има строги рутини и организација.

Јарец сака ред, дисциплина и контрола. Домот му е функционален и уреден, бидејќи нередот го доживува како знак на немар.

Бик ја цени удобноста и естетиката. Му е важно просторот да биде чист, пријатен и хармоничен, бидејќи нередот му го нарушува чувството на мир.

Вага тежнее кон баланс и убавина. Не сака визуелен хаос и уредува за да може да ужива во просторот.

Рак го гледа домот како место на сигурност и топлина. Чистиот и уреден простор му носи емоционален мир и чувство на контрола.

Текстот Хороскопски знаци кои не поднесуваат неред: домот мора да им биде совршено чист е превземен од МАКФАКС.