Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на владата да почне директни мировни преговори со Либан, со фокус на разоружување на Хезболах и воспоставување мирни односи.

Либанскиот претседател Жозеф Аун претходно повика на примирје и директни преговори, оценувајќи дека дипломатско решение добива позитивни реакции од меѓународните актери.

Обновениот конфликт трае од почетокот на март, кога Хезболах започна ракетни напади врз Израел. Во израелските напади загинале околу 1.700 луѓе, а повеќе од милион се раселени, додека од страна на Хезболах има стотици истрелани ракети и дронови.

Текстот Нетанјаху нареди директни мировни преговори со Либан е превземен од МАКФАКС.