Израелскиот министер за дијаспора Амихај Чикли, член на владејачката партија Ликуд, во интервју за радио „103FM“ изјави дека е „грешка“ да се склучи примирје со Иран.

„Мислам дека е грешка да се оди на примирје во овој момент. Мора да ги доведете таквите држави, како Јапонското Царство или Нацистичка Германија, на колена“, рече Чикли. Тој процени дека има „50% шанса“ примирјето да опстане.

Во исто време, тој ги пофали резултатите од војната и тврдеше дека само „левичарските коментатори во САД и Израел и остатоците од Револуционерната гарда“ тврдат дека Израел загубил. „Иран го изгуби својот статус на регионална сила“, рече Чикли, додавајќи дека неговата Оска на отпорот „се сруши“.

„Гледам дали постигнавме големи успеси, дали создадовме нова реалност на север, на границата со Газа, на Блискиот Исток? Одговорот е да, да и да“, заклучи тој.

Текстот Израелски министер: Примирјето е грешка, мора да ги доведете таквите држави на колена е превземен од МАКФАКС.