Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети сточарот Никола Колев, кој на крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, а беа оштетени и објектите и сточниот фонд.

При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава.

„Објектот е изграден со помош на општествено одговорни компании од овој дел и пошироко, нормално помогна и локалната самоуправа со механизација во делот на расчистување на речните корита. Никола сега има услови повторно да работи и да произведува“, истакна министерот.

Текстот Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите е превземен од МАКФАКС.