Вчера околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода 61-годишниот С.Б. и 53-годишниот Х.С., двајцата од Косово.

При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, кое го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан.

Лицата се задржани во полициска станица, амигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна приајва.

Текстот Уапсени двајца косовски државјани: во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан е превземен од МАКФАКС.