На Богородица, царинските службеници, спречија и обид за криумчарење на златен накит со вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне плаќање давачки во износ од 207.738 денари, извести Царинската управа.

Златниот накит е запленет, а против сторителот на кривичното дело од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа.


Текстот (Фото) Спречен обид за криумчарење златен накит со вредност од 581.900 денари е превземен од МАКФАКС.























