Бродовите што планираат да поминат низ Ормускиот теснец треба да користат алтернативни патишта за да „ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини“, се вели во соопштението на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските државни медиуми.

Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од Оманското Море треба да пловат северно од островот Ларак, а потоа да продолжат кон Персискиот Залив.

Бродовите што пловат во спротивна насока треба да излезат од Персискиот Залив, да поминат јужно од островот Ларак и да продолжат кон Оманското Море.

Текстот Иран издаде упатства за тоа како да се избегнат мини во Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.