Турските власти уапсија десет лица поради сомнение за поврзаност со вооружениот напад во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, пренесе Ројтерс.

Во престрелка со полицијата, еден напаѓач бил убиен, а двајца ранети и приведени, додека уште осум лица биле уапсени во акции во Истанбул и во покраината Коџаели.

Мотивот за нападот засега не е познат, а истрагата е во тек.

Според турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, напаѓачите биле поврзани со група која „ја злоупотребува верата“.

Еден од напаѓачите, идентификуван како Јунус Емре Шарбан, претходно бил поврзан со финансиски мрежи на Исламска држава, поради што во 2021 година му била замрзната имотот.

Текстот Уапсени 10 лица по нападот во Истанбул, еден поврзан со ИСИЛ е превземен од МАКФАКС.