Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран.

Во соопштението, неговиот портпарол рече дека Гутереш ги повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да го почитуваат меѓународното право и условите на прекинот на огнот со цел да се отвори патот за траен и сеопфатен мир во регионот.

Гутереш, исто така, изрази „искрена благодарност“ до Пакистан и другите земји за нивниот придонес во постигнувањето на прекинот на огнот.

Текстот Шефот на ОН го поздрави објавувањето на двонеделниот прекин на огнот е превземен од МАКФАКС.