Американскиот „New York Times“ го потврди она што го говори СДСМ. Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт, кажа на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во Кањижа“. Ова е истата матрица која СДСМ ја разобличува и во Македонија.

Истата мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација која со години ја одржува ВМРО-ОКГ, се злоупотребува во Македонија, исто како што тоа се прави и во Унгарија, Србија, Словенија.

Заедничко за сите овие мрежи е пријателот на Мицкоски, Виктор Орбан кој во изминатите години го зголеми бизнис и медиумското влијание со помош на ВМРО-ОКГ“.

Според Кузеска, над 40% од медиумскиот простор во Македонија се контролира преку мрежата на Орбан во директна функција на ВМРО-ОКГ и нивните бизнис интереси.

Ова, додава таа е координирана „авторитарна оска“: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски која функционира по ист принцип: контрола на медиуми, ширење на лажни вести, креирање на страв и кризи и анти-ЕУ пропаганда, односно политичко влијание поврзано со руски интереси.

„Ова е една од причините зошто ВМРО-ОКГ не сака да се отворат досиејата на УДБА, како дел од процесот за пристапување кон ЕУ.

Затоа СДСМ бара:

Итна истрага од АВМУ за медиумите поврзани со мрежата на Орбан во Македонија. Европските институции да го испитаат прекуграничното мешање и руското влијание. Целосно расчистување на каналите за ширење на дезинформации и спречување на странското влијание. Време е да се стави крај на оваа мрежа на манипулации. Македонија заслужува слободни медиуми и демократска иднина“.

Текстот (Видео) Кузеска: Потврда за Орбан, пријателот на Мицкоски е скриена рака на Русија во ЕУ е превземен од МАКФАКС.