Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата платформа Truth Social порака за рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец.

Во објава за време на викендот, Трамп му даде рок на Техеран до 1 часот наутро во среда по британско време.

„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати“, рече тој.

„Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, во која ќе преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно добро – којзнае? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот.

47 години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран“, објави Трамп, пренесуваат медиумите.

Фото: ЕПА

Текстот Tрамп: Цела една цивилизација ќе умре вечерва е превземен од МАКФАКС.