42-годишен маж вчера во 13:00 часот во СВР Скопје 42 пријавил дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица.

Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал. Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Текстот Претепан контролор на ЈСП: напаѓачот бил без билет и се заканувал е превземен од МАКФАКС.