Започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во Мичурин – „Симеон Кавракиров“ во населбата Мичурин во Општина Аеродром.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој, според Митески, долго време беше неопходен и очекуван.

„Оваа интервенција претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на животот на граѓаните. Улицата со должина од 485 метри претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број жители“, велат од Општина Аеродром.
Проектот за „Симеон Кавракиров“ опфаќа целосна обнова на коловозната конструкција, изградба на современи и безбедни тротоари, како и поставување нова асфалтна конструкција. Во рамките на зафатот се предвидени 3950 м² асфалт и 2305 м² тротоарски површини со бехатон.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.
Реконструкцијата е дел од поширок инфраструктурен зафат на Општина Аеродром кој опфаќа 18 улици, во вкупна должина од 5.4 километри и вкупна вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.
Текстот Општина Аеродром со 138 милиони денари ќе реконструира 19 улици е превземен од МАКФАКС.























