По „Ѕвездо моја“, „После тебе“ и „Моја посебна“, момците од Артист Бенд продолжуваат да ја збогатуваат македонската музичка сцена. Овој пат, тие пред публиката го претставуваат нивниот најнов, четврти по ред сингл насловен „Тажен крај“, комплетиран со визуелен запис.

Новата песна носи силна емотивна тежина и раскажува приказна со која многумина можат да се поистоветат.

„Тажен крај“ зборува за човек кој се соочува со раскин – крај кој другата страна го изговара лесно, но остава тешки последици врз оној кој сè уште сака. И покрај разделбата, протагонистот се бори со силните емоции кои не може да ги избрише, иако знае дека треба да продолжи понатаму. Низ стиховите се провлекува болката, но и искрената желба барем уште еднаш да ја види саканата личност среќна, помирувајќи се со суровата реалност дека за вистинска љубов сепак се потребни двајца, а тој останал сам.

Зад реализацијата на овој музички проект стои докажан тим на соработници: Александар Јовевски (музика и аранжман), Марија Спасовска (текст) и Студио „Подрумот“ (аудио продукција).

Визуелната приказна која перфектно го надополнува меланхоличниот звук е во режија на Томислав Живковиќ, кој воедно е потпишан и како снимател на видеоспотот. За да се долови целокупната атмосфера на екранот, во спотот се појавуваат и модели од модната агенција „Макс моделс“.

Погледнете го видеоспотот и слушнете ја новата песна во продолжение:

 

Текстот (Видео) Артис Бенд објавија нова песна и спот е превземен од МАКФАКС.