Како што се приближува рокот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, дипломатските активности нагло се засилуваат, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на дописничката Лис Дусе.
Во извештајот се наведува дека, иако е примамливо да се игнорира реториката на Трамп, тоа е „премногу опасно“.
Трамп на платформата Truth Social порача: „Отворете го тој теснец… или ќе живеете во пекол – само гледајте!“
Би-Би-Си предупредува дека доколку се реализираат заканите за напади врз инфраструктурата, тоа може да доведе до дополнително проширување на конфликтот, со можни одмазднички потези од Иран кон држави во Персискиот Залив.
Во меѓувреме, според Ројтерс и Аксиос, посредници работат на нов план за прекин на непријателствата, во кој значајна улога има Пакистан, со цел да се избегне ескалација.
Сè уште не е јасно дали Иран ќе ги прифати предлозите, бидејќи претходно порача дека нема да прифати услови што ги смета за ултиматум. Клучното прашање, според Би-Би-Си, е дали тоа ќе биде доволно Трамп повторно да се повлече од заканите и да остави простор за дипломатија.
Текстот Би-Би-Си: Се приближува рокот на Трамп за Иран, дипломатијата во трка со времето е превземен од МАКФАКС.























