Во здравството се потребни голем дел фундаментални, структурни промени и во менталитетот на политичарите, но и во менталитетот на кадарот, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Целта, како што рече, е да се решава проблем по проблем, но за тоа според него, треба време, бидејќи не може да се среди сѐ и веднаш.
„Истовремено, треба да се прават реформи, можеби и поинаков пристап да имаме во здравството, бидејќи речиси ништо не е правено, а ресурсите се ограничени.
Се очекува за неколку месеци од денеска, уште четири дополнителни сали да бидат пуштени, со што ќе го заокружиме процесот од 10 вакви современи, би рекол, многу модерни сали, овде. И, исто така, очекувам дека од почетокот на летото ќе имаме можност да видиме уште еден проект којшто ќе биде завршен, а тоа е во болницата „8 Септември“, каде што исто така ќе имаме супер модерни операциони сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот, кога станува збор за ваков тип на операциони сали.
Како што истакна Мицкоски еден од врвните приоритети на Владата е здравството.
„Во периодот којшто следи ќе се радуваме уште на неколку проекти од оваа природа, коишто ќе бидат ставени во функција за заштита на здравјето на граѓаните, којашто е наша основна цел како Влада“.
Текстот Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е превземен од МАКФАКС.























